Одбојкарскиот клуб Штип УГД на домашен терен претрпе два последователни порази. Првиот беше против ОК Вардар и загубија со 1:3 во квалитетна игра каде победата ја запишаа гостите.
Вториот пораз на домашен терен Штип УГД го заработија против ОК Лирија од Жеровјане каде што се чини пресуден беше заморот од збиениот распоред, но и поради поголемото искуство на противничките одбојкари. Следен предизвик за штипјани е натпреварот против ОК Весна Пробиштип.
Фото: Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип @OkStipUGD