Душица Бреслиева на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Биелско-Бијала, Полска донесе радост во репрезентацијата на Македонија.
Душица Бреслиева (-54 кг) се закити со бронзениот медал, откако ја совлада Мерјем Тунџај од Турција со 5-4.
Душица, пред борбата за бронзата забележа три победи, а во полуфиналето загуби 3-2 од Софија Халиевска од Украина.




