Викендов во Охрид се одржа Државното Таеквондо ИТФ првенство во организација на охридскиот таеквондо клуб „МАСТЕР“ и Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.
Учество зедоја 78 натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, во форми и борби, од следните клубови: Таеквон-до клубот “МАСТЕР”Охрид Таеквон-до клубот “АХИЛИУС”Скопје Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ ”Лескоец Охрид Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ ”Мислешево Струга Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел Охрид Натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубовите ,некои од нив се бореа за место во репрезентација за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи наредниов месец во Копер,Словенија од 15-22 април.
Најдобри поединци во нивните старосни категории , кои покрај медали се закитија и со пехари се:
-најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска
-најдобро дете 8-10 години, Христијан Гагалески
-најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска
-најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски
-најдобра јуниорка 14-15години, Анастасија Чулческа
-најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески
-најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска
-најдобар младинец 16-21 година , Владимир Димитриевиќ




