Трансферот што тимот на www.javisejuzna.mk прв го најави уште на 25 декември денес официјално беше потврден од ГРК Охрид.
Прво засилување за гладијаторите за плеј-оф натпреварите!Нов член во семејсвото на ракометниот клуб Охрид! Особено задоволство ни е што денес можеме да го претставиме #10 Стефан Дрогришки!ГРК ОХРИД потпиша со македонскиот репрезентативец до 2024та година!Дрогришки доаѓа по една и пол сезона мината во ГРК Тиквеш 2014, а пред тоа има настапувано за Еурофарм, Металург и Пелистер! Има 11 официјални настапи за македонската репрезентација! – стои на официјалната страна на клубот.