Во последното коло од Суперлигата во Битола во драматичен натпревар Еурофарм Пелистер славеше против Алкалоид и ја одбрани титулата.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Радивојевиќ и Кузмановски со по 6 гола, додека кај Алкалоид се истакнаа Марко и Дамјан Митев со по 6 погодоци.




