Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ќе оствари рекорден јубилеј во градското дерби против Интер. Голманот со самото појавување на теренот на „Сан Сиро“, ќе го запише својот 200-ти лигашки настап за Милан, со кој ќе стане најмлад играч во историјата на италијанскиот фудбал кој стигнал до јубилејниот број на настапи во првенството.
Со само 21 години и 136 дена, Донарума ќе биде апсолутен рекордер. Во досета 199 лигашки настапи, Донарума 69 пати ја има сочувано мрежата, а дозволил 211 погодоци во сопствената мрежа.