Уникс Казан и нашиот Ненад Димитријевиќ се договорија за продолжување на соработката и во наредната сезона со можност договорот да биде продолжен за уште една дополнителна година.
Ненад Димитријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија во која Уникс Казан се закити со титулата во ВТБ-лигата.