Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и Армани Милано, славеа во четвртфиналето на Купот на Италија во дербито против Виртус Болоња, со 91-77.
Нашиот Ненад Димитријевиќ мечот го заврши со 14 поени за 19 минути минати на паркето зад Чилдс со 19 коша. Најефикасен беше Мухамет кај Виртус со 20 поени.




