Екипата на Хувентуд се избори за „мајсторка“ во четвртфиналната откако на домашен терен славеше со (72:63).
Ненад Димитријевиќ одигра уште еден извонреден натпревар иако се повреди пред крајот на првото полувреме. Затоа на теренот помина само 16. минути, но и покрај тоа беше трет стрелец во својот тим со десет поени, зад Басас кој постигна 20 и Рибас со 12.
Одлучувачкиот натпревар од оваа серија се игра в сабота на теренот на Барселона, во „Блауграна“. Победникот во полуфиналето ќе се сретне со Тенерифе кој веќе го елиминира Бургос со брзи 2-0 во другата серија од четветфиналето на „Ендеса“ лигата.



