Најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев кој е трикратен светски шампион и европски шампион од 2018 година, вечервa ќе ја има својата прва професионална борба во кариерата, за титулата на ВАКО во лоу-кик дисциплина, до 81,4 килограми.

Борбата ќе се одржи во Зворник, Босна и Херцегонија, а противник на Ѓорѓиев ќе му биде домашниот кикбоксер Никола Дробњак. Борбата на нашиот кикбоксер ќе се одржи колку 22 часот. Во шестата борба ќе настапи и вториот Македонец, Бобан Илиоски, од клубот Адора Работнички, во дисциплината К-1, до 83,4 килограми.