Бекот на Еурофарм Пелистер 2, Димитар Димитриоски, во новата сезона се сели во Асобал лигата во тимот на шпански Ваљадолид. Димитар Димитриоски во својата кариера има настапувано за Металург и Вардар, пред да се пресели сезонава во тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Преселбата во Шпанија ќе биде прв интернационален предизвик за Димитар Димитриоски кој покрај на позицијата среден бек, добро се снаоѓа и позицијата лево крило.