Ракометарите на Вардар вечерва од 18.45 часот ќе го играат натпреварот од 7. коло на ЕХФ лигата на шампионите во Сегедин против домаќинот ПИК Сегед. Натпреварот ќе има посебно значење за Тимур Дибиров кој во моментов има 997 гола и е блиску до достигнување на границата од 1000. погодоци во Лигата на шампионите.

“Mи значи да стигнам до бројката од 1000 голови во Лигата на шампионите. Уште паметам првиот гол против Горење во Словенија. Благодарност до сите тренери, соиграчи и навивачи кои ми помогнаа да стигнам до ова остварување” – изјави Тимур Дибиров левото крило на Вардар.



