На ден 02.05.2026 година, Џудо клуб “Дрим” од Струга зеде учество на престижен меѓународен џудо натпревар кој се одржа во Нови Биджов, Република Чешка , каде настапија над 1100 џудисти од повеќе земји . Нашиот клуб достојно беше претставен од 7 натпреварувачи, предводени од тренерот Андреј Чакаровски .
Џудистите на “Дрим” покажаа исклучителна пожртвуваност , храброст и спортски дух , борејќи се со силна конкуренција и достоинствено бранејќи ги боите на својот клуб и Македонија . Нивната борбеност резултираше со освоени медали:
🥉 Давид Спироски (-55 кг, У14)
🥉 Енил Ајдиноски (-66 кг, У14)
🥉 Лука Трца (-73 кг, У14)
Иако не успеаја да се искачат на пиедесталот , Драгица Рафтоска, Даријан Ночески, Амар Бајрамоски и Мартина Салви покажаа голема борбеност , оставајќи срце на татамито и достојно претставувајќи го клубот и Македонија.
Горди сме на сите наши натпреварувачи кои со својата посветеност и труд уште еднаш покажаа дека Џудо клуб “Дрим” е сериозен претставник на меѓународната европска сцена.- стои во изјавата на клубот.




