Полуфиналните натпревари во машка конкуренција на 28.македонски одбојкарски куп минаа очекувано, со доминација на фаворитите за освојување на пехарот. Во недела од 18 часот во салата „Парк“ ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово, што значи дека годинашното финале ќе биде реприза на завршниот меч од 2019. Второпласираниот тим во првенството, Универзитет во Тетово, доминираше во локалната пресметка со Шкендија и славеше со 3:0 (25:14, 25:17 и 26:16).
На идентичен начин мина и второто полуфинале меѓу Џио Струмица и Вардар. Скопските црвено-црни петтипат сезонава не успеаја да му парираат на водечкиот состав во шампионатот којшто го доби натпреварот со 25:14, 25:17 и 26:16. На тој начин, струмичани се финалисти седмипат во последните девет сезони, сметајќи ја и тековната.
Во таборот на Универзитет Тетово најзаслужни за победата беа Адриатик Бериша и Стефан Мирковиќ освоија 15, односно 14 поени, а двоцифрен кај Универзитет беше и Јовица Симовски со 10 поени.
Во тимот на ОК Џио Струмица најмногу поентираа Урдов заврши со 13, Милев со 11, Николов и Савовски по 10, Костиќ 8, а Ричлиев и Михаилов по 3 поени. Кај Вардар, најефикасен беше Димкоски со 10, а Топалов и Чапел помогнаа со по 5 поени.
Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd



