Зорица Десподовска е лидер во тимот на Кобиржице и нејзините одлични игри на терен на секој натпревар ја класифицираат како една од најдобрите ракометарки во полскиот шампионат.
На крилјата на нашата интернационалка тимот на Кобиржице оствари многу тешка гостинска победа над Кошалин со резултат од 20:22 на полувреме домашниот тим имаше предност од четири гола разлика или во резултат изразено 14:10.
Зорица Десподовска беше прв стрелец на натпреварот со 9 погодоци и по завршувањето на натпреварот ја доби МВП наградата. Нејзиниот тим го има второто место на табелата со 15 бода исто колку и лидерот во првенството тимот на Лублин.