Киран Гибс ќе биде најновото засилување на Интер Мајами, кој ќе се пресели во МЛС франшизата по крајот на сезоната во Англија. На поранешниот англиски репрезентативец му истекува договорот со ВБА, а наводно веќе се согласил на две и полгодишен договор со клубот на кој сопственик е Дејвид Бекам.
Англиската легенда се надева дека сонародниците ќе му донесат успех во пресрет на новата сезона во МЛС лигата која почнува на 17 април, откако во ланското издание на американскиот шампионат, Интер Мајами не стигна ниту до разигрувањата.



