Со две доминанти победи над WOODARD Darrell од САД и ANDREOU Petros од Кипар, Дејан Георгиевски обезбеди финале и сребро на светскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.
Во финалето се сретнавме добро познатиот репрезентативец на Франција EL Omar, до сега четири пати сме успеале да го добиеме, но денеска беше негов ден.
Одиме по зацртаната патека, олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме.-стои во објавата на страницата на Македонска Таеквондо Федерација




