Давор Палевски и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет откако потпиша нов едногодишен договор. За услугите на квалитетното лево крило се интересираа уште неколку македонски суперлигаши, но тој ја избра понудата на Тинекс Пролет и во наредната сезона повторно ќе биде еден од главните адути во атакот на висок пласман на табелата.
Тинекс Пролет претходно потпиша нови договори и со капитенот Ласко Андоновски и десното крило Мартин Димов, а како ново засилување пристигна македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски.