вторник, април 20, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Мотоспорт

Давидовски добива тимски колега, се проширува „ергелата“ на ПСС Рејсинг

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 23, 2021
📁 Мотоспорт

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски, кој самостојно настапува во првенството ТЦР Европа, од 2021 година покрај себе ќе има тимски колега со кој ќе се обидат заедно да стигнат до поголеми успеси.

Екипата „ПСС Рејсинг“ денеска преку својата ФБ-страница соопшти дека на тимот му се приклучува Аргентинецот Франко Џиролами, а обајцата ќе возат Хонда Сивик.

За Давидовски ова ќе биде четврта сезона во ТЦР шампионатот, додека Џиролами досега се натпреваруваше во својата татковина. Постариот брат на Франко, Нестор Џиролами, претходно стекна светска слава со победи во светското ТЦР првенство, каде што возеше за Волво / Полестар.

Минатата година, кога поради пандемијата со Ковид-19 на Давидовски не му беше дозволен влез во Франција, Нестор Џиролами настапи за „ПСС Рејсинг“, при што освои едно второ место.

Во последната трка од 2020 година, Франко Џиролами за прв пат доби шанса да вози во Европа, токму со „ПСС Рејсинг“ на патеката Харама во Шпанија, по што уследи и договорот за продолжување на заедничките настапи во 2021 година.

Ланската сезона иако беше проблематична, воедно беше и најуспешна за Виктор Давидовски, кој на два пати го освои „Трофејот Јокохама“ и се најде на подиумот. Подготовките за новата сезона се во тек, а Давидовски ќе биде присутен на три тестирања што ќе се случат претстојниов период: 27/28март во Спа Франкоршамп, 1 април на Нирбургринг и 2 април на Зандворт. Првата трка од ТЦР Европа е закажана на 8 мај, а ќе се вози на патеката крај Братислава, во Словачка.

ShareTweet
Претходна вест

Јанта Волеј победи во дербито и се искачи на врвот на табелата

Следна вест

Иван Марковски е нов тренер на Металург

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

(ВИДЕО) Ферстапен славеше после хаосот во Имола
Мотоспорт

(ВИДЕО) Ферстапен славеше после хаосот во Имола

✏️ Епов Насе
18/Апр/2021
Втора победа во низа за Квартараро; Маркез седми на враќањето
Мотоспорт

Втора победа во низа за Квартараро; Маркез седми на враќањето

✏️ Епов Насе
18/Апр/2021
Пеколен финиш во Португалија: Акоста за пет стотинки побрз од Фоџа
Мотоспорт

Пеколен финиш во Португалија: Акоста за пет стотинки побрз од Фоџа

✏️ Епов Насе
18/Апр/2021
Двојно славје за Франција: Квартараро на врвот во Катар
Мотоспорт

Двојно славје за Франција: Квартараро на врвот во Катар

✏️ Епов Насе
04/Апр/2021
Следна вест
Иван Марковски е нов тренер на Металург

Иван Марковски е нов тренер на Металург

Последно

Дерби помеѓу КЛ 7 и Прилеп , дерби дуел и во Радовиш

Пелистерци гости во Струга, дерби во Охрид и Автокоманда

Дербито на Есекс ги одговори двете најважни прашања во Лиг 2

Неверојатната серија на Блекпул прекината од неочекуван ривал

Вотфорд го доби Норвич и со ,,една нога” влезе во ПЛ

(ВИДЕО) ЦСКА ја израмни финалната серија против Авангард

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.