Стружанецот Дарио Симоноски кој игра на позицијата пикер во новата сезона ќе настапува за тимот на МРК Куманово.
Тој во минатата сезона настапуваше за тимот на Јуниор Кисела Вода, од каде се сели во Куманово. Симоноски во својата кариера има играно и за Работнички, Металург Јуниор, Охрид, Струга, Јуниор Кисела Вода.