Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски достоинствено ја претстави Македонија на Светското првенство во атлетика што се одржа во Токио. Во една од најтешките дисциплини – маратонската трка на 42 километри – Ивановски го освои 58-то место во конкуренција од 90 учесници.
Тој ја истрча трката со време од 2:26:31 часа, што претставува значаен успех за македонската атлетика на светско ниво.
Со овој настап, Ивановски уште еднаш покажа дека е најдобриот македонски маратонец и инспирација за младите спортисти во земјата.




