Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км.
Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 секунди
Над 2000 учесници од 16 земји настапија на годинaшното издание на трката, која се одржа по улиците на Скопје, со старт и цел на бул. Илинден, во близина на фонтаната „Лотус“.




