На Европското првенство за мали земји во Малта учествуваше и Македонија со своите атлетичари Дарио Ивановски на 5000м и Јован Стојоски на 100м и 400м.
Победа за Дарио Ивановски кој истрча 5000м со време 14:08.99. Јован Стојоски на 100м се најде на 5-то место на табелата, а на 400м беше трет.