Даниела Алексовска донесе и второ злато за Македонија на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција кое се одржува во Белград.
Алексовска во финалната борба уште во првата рунда доминантно ја победи Украинката Анастасија Хордовска, благодарение на еден маестрален зафат, триаголник со нозе.
На ова Европско првенство претходно со злато се закити и Марко Трајановски.




