Стружанка забележаа нова победа во Женската лига, откако славеа на гостувањето кај Шампион со 17:29.
Мендувие Далипоска со 13 гола беше најефикасна за тимот на Стружанка, пред Теодора Маркоска со 8 погодоци. Кај Шампион, Ангела Петровска со 5 гола беше најдобар стрелец.