Црвена Звезда го направи едно од најголемите изненадувања сезонава во Евролигата, откако славеше на гостувањето во Мадрид кај Реал. Ова е меч кој требаше да се одигра пред неколку дена, но тогаш беше одложен поради снежното невреме во Мадрид.
Српскиот првак во Мадрид дојде со само шест победи во 19 натпревари, додека Реал имаше 13 победи и беше голем фаворит пред мечот. Сепак Црвена Звезда беше посреќна во финишот и оствари триумф од 77:79.
Во победничкиот табор најефикасни и најзаслужни за победата беа Валден со 18 поени, Добриќ со 13 и 10 поени постигна Рит. Во составот на кралевите Фернандез зад своето име запиша 11 поени.



