Богдан Мијушковиќ е најновото засилувањето во екипата на Струга.
Црногорецот минатата сезона настапуваше во дресот на вториот тим на Еурофарм Пелистер.. Станува збор за ракометар, кој што може да игра на позициите лев и среден бек.
Мијушковиќ потекнува од Бар , а неколку сезони го носеше дресот на Добова од Словенија, екипа со која настапуваше во најквалитетното словенечко натпреварување.




