Богдан Николиќ се врати во РК Струга. Со себе го донесе и талентираниот десен бек од Никшиќ, Вук Лакичевиќ.

Искусниот среден бек Богдан Николиќ и младиот Вук Лакичевиќ веќе одржаа тренинзи покрај езерото и се запознаа со новите колеги. Првиот меч во дресот на Струга ќе биде првиот меч против Прилеп во среда на Струшкиот ракометен турнир.




