И по шест кола екипите од Гевгелија и од Струга се со максимален ефект – шест победи…

Две екипи по шест одиграни кола остануваат со стонастотен учинок во натпреварите од Третата лига-мажи.
На Западот, во таа улога е екипата на Црн Дрим, која во ова коло стигна до убедлив триумф на гостински терен кај ИБА баскет, (80:49).
На Истокот пак, тоа е екипата на Гевгелија, која беше подобра од екипата на Феникс спорт со резултат (90:81).
Блиску до скорот на гевгеличани, во оваа „конференција“ се и екипите на Маџари ГБ односно Струмица, кои имаат по еден пораз во досегашниот дел од натпреварите, а следени од Бутел кој има ефект (4-2).
Изедначена е и конкуренцијата во западниот дел.
Екипата на Феникс баскет го следи лидерот на табелата, има скор од пет победи и еден пораз. Еден негативен резултат, но и натпревар помалку има и втората екипа на Гостивар, исто како и ИБА баскет.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА ЗАПАД
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Албес – Љуботен 75:82
ИБА баскет– Црн Дрим 49:80
Феникс баскет – Дибра иглс 107:53
ГКК Охрид – Хераклеа 58:63
22.11: Универзитет Тетово – Гостивар
ТАБЕЛА: Црн Дрим 12, Феникс Баскет 11, ИБА баскет 10, Гостивар-2 9 (-1), Хераклеа 9, ГКК Охрид 9, Дибра иглс 8, Љуботен 7, Албес 6, Универзитет Тетово 5 (-1);
ИДНО КОЛО (25.11)
Црн Дрим – ГКК Охрид
Гостивар – ИБА баскет
Хераклеа – Албес
Дибра Иглс – Универзитет Тетово
Љуботен – Феникс баскет
ГРУПА ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО
Бутел – Младинец 86:50
Маџари – Кам баскет 96:77
Гевгелија – Феникс спорт 90:81
МКК Вардар – Струмица 76:115
21.11: Ролинг – Водњански лисици
Овче поле – слободен
ТАБЕЛА: Гевгелија 12, Бутел 10, Маџари ГБ 9, Струмица 9, Водњански лисици 8, Феникс спорт 7, Кам баскет 7, МКК Вардар 7, Овче поле 6, Младинец 6, Ролинг 08 6;
ИДНО КОЛО (25.11)
Младинец – Вардар
Кам баскет – Ролинг 08
Овче Поле – Гевгелија
Феникс спорт – Бутел
Струмица – Маџари ГБ
Водњански лисици – слободен