Дарко Чурлинов играше половина час во поразот на Штутгарт од Арминија од 0:3, македонскиот репрезентативец влезе при 0:2 и на крај ја вкуси горчианта на поразот. Баерн Минхен го победи Аугзбург со 1:0 во соседското баварско дерби.
Гостинот можеше да остане и со само еден бод, ако Финбогасон ја погодеше мрежата, а не стативата при пеналот во 76-та минута. Голот вреден три бода за европскиот и германски првак го постигна Роберт Левандовски од пенал.
Левандовски постави нов бундеслигашки рекорд, стана првиот фудбалер со 22 гола во една полусезона. Баерн има четири бода предност во однос на вториот Лајпциг кој исто така славеше со 1:0, против Унион Берлин.



