После поразот на Хрватска од Аргентина со 23-19 Лино Червар за хрватските медиуми изјави:
„Никому не му е мило кога ќе загуби. Денес не игравме добро, иако бев уверен дека добро ќе се претставиме. Секако дека заслужуваме да не критикуваат, но ја преземам одговорноста врз себе. Аргентинците беа „гладни“ за победа, а ние тоа не го покажавме. Никого не обвинувам, јас сум виновен за ова што ни се случи.Јас го дадов своето, треба да се припрема некој кој ќе ме замени. Со многу енергија, гордост и достоинство ја водев Хрватска на преку 150 натпревари. Заминувам по Светското првенство, тоа е дефинитивна одлука.