Чаби Алонсо ќе дебитира како главен тренер на голем клуб, а германските медиуми објавија дека ќе биде новиот кормилар на петкратниот шампион Борусија Менхенгладбах. Алонсо ќе биде замена за Марко Розе, кој ќе се пресели во тимот на Борусија Дортмунд.
Алонсо досега беше тренер на втората екипа на Реал Мадрид и на Б составот на Реал Сосиедад, а новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк објави дека веќе е „скениран“ како наследник на Розе. Борусија Менхегладбах има пет шампионски круни во Германија и е на делба на шестата позиција на вечната листа заедно со Штутгарт.