Бутел во големото дерби славеа против Металург со 21-19 (полувреме 12-12). Најпрецизен на теренот беше Хорват со 10 гола, а на спротивната страна Мирко Мајиќ со 8 погодоци беше најефикасен.
Ракометарите на Охрид на домашен терен остварија лесна и убедлива победа против екипата на Прилеп од 32:21 (полувреме 14:10). Kај охриѓани со по 6 гола најдобри беа Филип Кривокапиќ и Стефан Додиќ.