Филип Николов младиот ракометар на Охрид кој игра на позицијата десен бек според информациите до кои што дојде www.javisejuzna.mk од наредната сезона се сели во тимот на РК Бутел.
Одличните настапи оваа сезона на Николов во дресот на Охрид беа одлична препорака за тренерот Грчевски да се засили во наредната сезона со овој перспективен ракометар. Филип Николов пристигна во Охрид од екипата на Радовиш.




