Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Струга и славеше со 16:25. Мечот започна со еден груб фаул на Мирко Мајиќ врз централниот бек на домаќините Бобан Савески кој судиите наместо со црвен картон го санкционираа само со 2 минути, а Савески не заигра повеќе на овој натпревар. Савески се надоврза на листата повредени кај домаќините кои играа без Дукоски и Кастратовиќ и недоволно опоравените Цветаноски и Нацев, па така немаа шанси за ништо повеќе против силен тим како што е Бутел.
Најдобри поединци кај домаќинот беа голманот Матовиќ со 14 одбрани и Табакоски со 4 гола, додека кај гостите најпрецизни беа Пуљизовиќ и Мајиќ со по 4 погодоци.












