Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, смета дека поразот од Словенија од 10 гола разлика не ја отсликува реалната слика на теренот.
„Игравме прилично добро во првото полувреме, но направивме многу технички грешки во вториот дел. Мислам дека конечниот резултат не ја рефлектира реалната разлика помеѓу двата тима. Заслуживме да загубиме со помала разлика“ – изјави Брестовац.