Младата репрезентација на Македонија славеше над Полска со 28-26.
Со овој натпревар момците на Раде Стојановиќ започнаа со натпреварите за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство во Словенија.
Калајџиески, Узунчев и Митев беа најефикасни на овој натпревар со по 4 погодоци.




