Антонио и Ева Дамјановски се брат и сестра од Битола и двајцата професионални возачи во мотокрос. Антонио е 17 годишен возач во класата МХ2 а Ева има 13 години и е возач во класата МХ85.
Антонио е петкратен шампион на Македонија, три пати во класата МХ85 со што и ја освои наградата Златна кацига со освоени три последователни шампионати и два пати во класата МХ2, а годинава се бори за трета победа и освојување на втора Златна кацига. Исто така во 2022 година беше и државен шампион во Ендуро во класата Јуниор. Се натпреварува и надвор од државата на БМУ европски шампионат, српски шампионат, грчки шампионат. Досега има освоено 19 први места, 2 втори места и 2 трети места. Вози веќе 6 години.
Ева е единственото девојче од Македонија која се натпреварува во овие трки. Вози 2 години и се бори рамо до рамо со сите момци. Минатата година беше 8мо пласирана во генералниот пласман од 15 шофери во класата МХ85. Годинава нејзина цел е да се избори за место на подиумот, и последната трка сега во Скопје на патеката Орман беше 4то место во екстремно тешки услови со кал и дожд.
Желбите ни се големи Антонио и Ева да учествуваат на светските трки но финансиите ни се многу мали, Немаме никаква подршка од Државата, Општина Битола и Мотоциклистичката федерација, Најголема подршка добиваме од нашиот клуб Ендуро Тим Водно од Скопје кој сме бескрајно благодарни. – изјави нивниот татко Петар Дамјановски