Oткако мината недела во првото коло загуби дома од Ним, Еурофарм Пелистер му гостува на Кадетен Шафхаузен во второто коло од ЕХФ Европската лига. Натпреварот е закажан вечерва со почеток од 18:45 часот.
„Сигурно дека ќе биде нов тежок натпревар. Очекувавме подобра игра пред навивачите на првиот меч. Сигурно и тие ќе бркаат бодови како и ние. Ние одиме да дадеме сè од себе и ако има прилика да освоиме бодови. Кадетен е најсилен на бековските позиции. Гледавме натпревари изминатите неколку дена. Нашата одбрана мора да биде на ниво против средниот бек. Мора да даваме и лесни голови. Ако одиграме како што се договоривме, мислам дека нашите шанси се добри“ , изјави 27-годишното десно крило на РК Еурофарм Пелистер.