Во рамките на Европската лига во Битола во салата ,,Боро Чурлевски” РК Еурофарм Пелистер ја оствари втората победа над силната Татавања од Унгарија во двомечот кој се играше овии два дена на домашен терен.
Крајниот резултат гласеше 24:21 на полувреме беше 9:11. Најзаслужни за победата иако сите колективно имаа придонес, сепак се истакнаа бекот Стипе Мандалиниќ кој реализираше успешно 9 пати од кои што два седмерци и голманот и ново засилување од Египет, Карим Хендави со 9 интервенции исто колку и на првиот натпревар.
Египќанецот во првото полувреме ненаше ниту една одбрана, но затоа експлодира во вториот дел и беше нерешлива енигма за противникот. Следен предизвик за битолчани е тимот на ГОГ Гудме, дуел кој исто така се игра во Битола (16 февруари), додека една седмица подоцна во „Боро Чурлевски“ ќе гостува и германскиот гигант и лидер на табелата во групата Д, тимот на Рајн Некер Левен.



