Лионел Меси има договор со Барселона кој му истекува на крајот од сезонава. Потоа аргентинецот како слободен играч може да ја одбере неговата следна дестинација.
Некогашниот играч на Барселона, Кевин Принс Боатенг даде еден „луд“ предлог, а тоа е Меси да ги следи стапките на неговиот идол Диего Армандо Марадона и да се пресели во Наполи.
Наполи веќе ја повлече 10-ката во знак на Марадона, а сигурно доколку дојде Меси, тоа би било единствен преседан поради кој повторно би го активирале дресот со тој број. Во Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, па сигурно сон би било и за Елмас да стане соиграч со Меси.



