Со особено задоволство го најавуваме враќањето на прилепчанецот Благојче Трајкоски во својот роден град и во дресот на РК Прилеп! – стои на објавата на РК Прилеп
Благојче зад себе има богата и успешна кариера, настапувајќи за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Трајкоски беше и дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Франција во 2017 година.




