Во рамките на Европската лига во Битола во салата ,,Боро Чурлевски” РК Еурофарм Пелистер ја остварија втората победа во групата против силната Татабања од Унгарија во првиот меч од двомечот со резултат од 21:19 на полувреме беше 11:10.
Еден од јунаците беше голманот и ново засилуавње од Египет, карим Хендави кој имаше 9 интервенции, додека Кушан и Мандалиниќ постигнаа по пет гола, а Мараш реализираа четири пати за домашната екипа. Кај гостите се истакна Ѓури со шест погодоци.
Утре овие противници одново ќе се сретнат во Битола, овојпат Татабања ќе ја има улогата на домаќин, во меч од седмото коло, кој исто така беше одложен во првиот дел од сезоната.