Екипата на Еурофарм Пелистер втора година по ред ќе игра во друштво на најдобрите тимови во Европа во ракометната Лига на Шампиони.
И покрај 14 -те порази на 14 натпревари ЕХФ биле воодушевени од прекрасната атмосфера и преполната сала на секој натпревар во Битола, одлучија повторно да се игра Лига на Шампиони во салата Боро Чурлевски.
Популарните “чкембари” и битолската публика повторно ќе бидат огромен плус за нашиот ракометен шампион кој очекуваме годинава да стигне и до некоја победа во Лигата на Шампионите.




