Македонската голманка Бисера Паскал која брани на голот на Бнеи Херцлија во Израел, успеа да слави против Макаби Аразим ( тимот кој ги елиминираше екипите на Куманово и Чаир во рамки од Европскиот Куп) со 32:31.
Нашата Бисера беше една од најзаслужните бидејќи имаше 12 одбрани од 27 упатени удари, а во последните минути кога се одлучуваше победникот забележа пет одбрани, а прими само еден гол за важна победа на нејзиниот тим.