Во натпревар од Лигата на Европа синоќа во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ Еурофарм Пелистер го демолираа составот на Татабања со 33-20.
Жељко Бабиќ: Сакам да изразам сочувство за сите погодени од несреќата која ѝ се случи на Македонија. Вечерва добро ги искористивме сите нивни проблеми. Тие беа уморни и се покажа дека тоа влијаеше на нивниот настап. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме.