Се поголема е неизвесноста дека ќе се одржи првиот грен слем турнир Австралија опен во Јануари наредната година. Последните информации се дека турнирот би можел да биде поместен дури за Април, но тоа е нереално, бидејќи Март секогаш е резервиран за американската турнеја, додека во Април на програмата се веќе стартуваат евроските турнири на земја.
Најреално сценарио, доколку бо дошло до промена на одржување на турнирот е се да биде поместено за Февруари, бидејќи тогаш во календарот нема значајни турнири и на програмата се само оние од серијата 250 и 500. Она што дополнително ги комплицира работитие е одлуката на властите во Австралија од први Јануари е то што ниеден тенисер нема да може да влезе во земјата, што на учесниците на Австралија опен ќе им даде малку време за подготовки, бидејќи ќе мора да одработат и двонеделен карантин.
-Со оглед дека Ролан Гарос се играше во септември, се е можно. Едно е сигурно, ние не смееме да дозволиме да ја загубиме цела година, бидејќи не сме покриени со осигување , нагласи Тод Вудбриџ, поранешниот играч во двојки.
Во оваа сезона која беше скроена од страна на коронавирусот само Вимблдон не беше одржан, кој беше осигуран од епидемии. Меѓутоа, Вимблдон веќе испланира кога ќе се одржи турнирот наредната година и тоа ако е потребно без публика.



