петок, јуни 2, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Атлетската елита повторно во Струга на 21. Мај

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 12, 2023
📁 Останато

Атлетската манифестација „Трка на поезијата“ која од година на година расте на домашната спортска сцена, оваа година ќе брои 1200 учесници во вкупно три атлетски трки, информираа организаторите.

На манифестацијата која ќе се одржи на 21. мај во Струга ќе бидат реализирани три трки: БОГРАД ДЕТСКА ТРКА (300 учесници), Рекреативна трка на 5 километри (540 учесници) и Главна трка на 10 километри (360 учесници).

„Оваа година како и во изминатата огромна чест и задоволство ни претставува и доаѓањето на нашите истакнати атлетски имиња во Македонија како што се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев како и доста други активни и рекреативни од вкупно 11 држави кои постигнуваат одлични резултати во кралицата на спортот“ – информираат од „Трка на поезијата“.

БОГРАД ДЕТСКА ТРКА ЗА РЕТКИТЕ ДЕЦА
Овогодишното издание на детската трка добива и уникатно име, поддржано од генералниот покровител – Хотел Боград од Струга како генерален покровител на детската трка и здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид кои максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести.

Оваа година еден ден пред главниот настан на 20.05.2023 година во сабота со почеток во 18 часот дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.

Оваа година ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)

Претставена е и новата официјална маица на Трка на Поезијата 2023.

„Оваа година одлучивме маицата да „отскокнува“ од официјалните маици на кои што сте навикнати да ги гледате на останатите трки. Едногласно одлучивме од оваа година во преден план да ја ставиме поезијата како што е и името на нашата манифестација. Во координација со победниците на минатите изданија на поетскиот конкурс, Биљана и Ана, но и во координација и одобрение од потомците на Димитар и Константин Миладинови на нашата официјална маица оваа година ќе ги најдете стиховите на браќата Миладиновци како едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Познатата „Т’ГА за Југ“ од браќата Миладиновци ќе оди на двете официјални маици од настанот, а додека „До целта“ од Ана Стојаноска ќе оди на машките учесници и „Трчам со силата на зборот“ од Биљана Тодоровска ќе оди на женските учесници на настанот. Дизајн и изработка брендот РЕМОРКЕР од Лонгуров, Штип“ – соопштуваат од организацијата на трката.

ShareTweet
Претходна вест

Манасков со 12 гола и Томовски со 18 одбрани го “збришаа” Алкалоид во полуфиналето

Следна вест

Утре кадетите на Струга дома со Бисинов се борат за Ф4

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Репрезентативните одбојкари добија заслужена премија од 20.000 евра
Останато

Македонија ја сруши Белгија во Златната лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
31/Мај/2023
Летонија противник на македонските одбојкарки во Сребрената лига
Останато

Летонија противник на македонските одбојкарки во Сребрената лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Мај/2023
Македонија вечерва против Белгија во Златната Европска лига
Останато

Македонија вечерва против Белгија во Златната Европска лига

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Мај/2023
Второ место за Друштинац на Балканското првенство во Џудо
Останато

Второ место за Друштинац на Балканското првенство во Џудо

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Мај/2023
Следна вест
Утре кадетите на Струга дома со Бисинов се борат за Ф4

Утре кадетите на Струга дома со Бисинов се борат за Ф4

Последно

Гакидова и Јанеска одлични во минималниот пораз во првото финале

Охрид се засили со талентираниот голман Бркиќ

ТРАНСФЕР БОМБА: Гурбиндо го засилува Алкалоид

Селекторот Милевски одбра за натпреварите со Украина и Англија

МЗТ повторно го надигра Пелистер и е на чекор до нова титула

Одличниот Чаневски на чекор до титулата во Израел

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.