На 6 септември (недела) на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи Национално атлетско првенство за сениори и сениорки во организација на Атлетската федерација на Македонија.
Почитувани,
Атлетската федерација на Македонија согласно својот предлог календар за Атлетски
натпревари и одлуката на Извршниот одбор на АФМ од 07.08.2020 год. , ќе организира
„Национално Првенство за Сениори-ки„ на ден 06ти Септември 2020 година ( недела ) во
Охрид со почеток во 14:00 часот .
Забелешка : Националното првенство ќе биде со критериумски карактер за предстојното
Балканско Првенство за Сениори-ки кое ќе се одржи на 19ти – 20ти Септември 2020 год. во
Клуж Непоха / Романија .
Организатор: Атлетска федерација на Македонија
Датум на одржување: 06ти Септември 2020 година ( недела )
Место на одржување: СРЦ „ Билјанини Извори „ – Охрид
Центар за загревање : надвор од спортскиот обејкт , по слободен избор на спортистите
запазувајќи ги мерките за заштита како носење маска , физичка дистанца и редовна
дезинфекција
Пријавен центар „ Call Room “ : старт на 100м .
Влезот во терен за сите тренери е забранет на овој натпревари .
Право на учество:
Натпреварувачи-ки регистрирани во АФМ со исправна легитимација, пријавени од страна на
клубовите со задолжителен лекарски преглед не постар од 6 месеци со обврска да го
прикажат пред подигање на стартен број , родени 2005 и помлади имаат право на учество
само Надвор од конкуренција .
Сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на натпреварот, се натпреваруваат на сопствена
одговорност и одговорност на клубот кој ги пријавува.
Учество Надвор од конкуренција ќе биде дозволено доколку се пријавени најмалку 3ца во
дисциплина .
Дисциплини:
МАЖИ: 100м, 400м, 1500м, 5000м, далечина, височина, ѓуле , копје , диск
ЖЕНИ: 100м пречки, 400м пречки, 100м,400м ,1500м, 5000м, далечина, височина , трискок ,
ѓуле,копје,диск



