На 8 март во грчкото гратче Катерини се оддржаа две улични трки односно трка на пет километри и полумаратон.
Македонските натпреварувачи остварија подобри резултати на пократката патека. Имено, дури тројца Македонци, членови на новоформираниот АК ,,7 ноември” од Гевгелија, забележаа пласман во првите дваесет тркачи. Најбрз беше Епов Атанас кој заврши како шестопласиран со време од 19:05 минути.
Тодор Анчев успеа да се искачи до деветтото место со време од 19:45 минути, а како шеснаесетти заврши Никола Ковачев со 21:41 минути.
Во женска конкуренција, Мица Наумчевска од АК ,,Меридијан” беше најдобра Македонка со пласман на десеттото место (26:21 минути).
На полумаратонот, најбрз Македонец беше Хамим Чилафи на дваесет и осмата позиција со време од 1:27:30.
На трката учествуваа доста Македонци кои беа членови на неколку атлетски клубови – ,,7 ноември” (Гевгелија), ,,Меридијан” (Кавадарци) и ,,Најк Ранинг Клуб” (Скопје).
Првопласирани на трката на пет километри беа Антонис Пападимитриу, Граменос Панајотис и Панајотис Заферопулос.
На полумаратонот, на подиумот завршија Константинос Пантазиис, Михалис Сојолцоглу и Николаос Ваицис.
Целосните резултати се достапни на следниот линк: https://results.chronolog.gr/resultsv3.aspx?ev=9f9d016fe0d76c5043f339e72d9713d4&c=0&pp=54d2